Шолц: Германија наскоро повторно ќе испрати оружје во Израел

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Германија наскоро ќе испрати нова транша оружје за Израел, негирајќи ги наводите дека Берлин донел одлука да го запре снабдувањето со оружје на блискоисточниот сојузник.

„Не одлучивме да не доставуваме оружје. Ние испорачавме оружје и ќе испорачаме оружје“, рече Шолц во Парламентот на собирот за комеморација на жртвите од нападот на Хамас на 7 октомври.

Владата донесе одлуки „кои исто така гарантираат дека наскоро ќе има дополнителни испораки“, додаде канцеларот.

Прочитајте и:  Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
- Реклама -