Москва сака истрага за политичко-медиумскиот заговор во САД за криење на вистинската ментална состојба на Бајден

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, вечерва изјави дека по повлекувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден од претседателската трка, треба да има истрага за заговорот на американските медиуми и политичари, кои ги обвини дека „ја прикриле вистината за неговата психичка состојба“.

-Следниот чекор мора да биде истрага за заговорот на американските медиуми и политички кругови, кои ја криеја вистината за неговата ментална состојба, манипулирање со јавното мислење и дејствување во врска со една политичка партија, изјави Захарова, пренесоа руските медиуми.

Вечерва Бајден објави дека се повлекува од трката за реизбор и ја поддржа американската потпретседателка Камала Харис во трката за претседателски кандидат на Демократската партија. Тој рече и дека ќе остане претседател на САД до крајот на мандатот на 20 јануари 2025 година.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант
- Реклама -