Песков: Плановите на Фон дер Лајен и даваат на ЕУ воен призвук

Плановите на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за создавање на европска одбранбена унија и даваат на ЕУ „воен призвук“ и го потврдуваат ставот дека земјите од европскиот континент ги ескалираат тензиите и методите на конфронтација во надворешна политика, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Заедничката одбранбена и безбедносна политика е една од областите на заедничка работа во Европската унија. Тоа беше случај и во текот на европската интеграција, но тоа никогаш не беше главната насока. Тоа што госпоѓата Фон дер Лајен сега го кажа за промената на приоритетите ѝ дава на ЕУ воен призвук, што го потврдува општото надворешно-политичко определување на европските држави кон милитаризација, ескалација на тензиите, конфронтација и потпирање на методи на конфронтација“, рече Песков.

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер

Тој рече дека „Руската Федерација не претставувала и не претставува закана за никого во Европската унија“.

- Реклама -