Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски оцени дека има реалнa шансa за мир во Украина, доколку Доналд Трамп победи на изборите во САД и се закани на Русија дека ќе ја зголеми помошта за Украина доколку официјална Москва не седне на преговарачка маса и не потпише мировен договор.
„Луѓето околу Трамп велат дека Украина не треба да биде принудена да го потпише договорот, туку само Путин. Можеби заканата за зголемување на помошта за Киев е начин да се стави крај на војната. Ако тоа размислување победи во САД, тогаш имаме шанса за Трамп сака да победува, а капитулацијата пред Путин сигурно нема да биде победа“, изјави Сикорски за полскиот јавен тв сервис ТВПлнфо.
Шефот на полската дипломатија не сакаше да нагаѓа како неуспешниот атентат на поранешниот американски претседател и актуелен републикански кандидат Доналд Трамп ќе влијае на изборната кампања и гласањето.
„Без оглед на тоа кој ќе биде во Белата куќа, Полска ќе има добри односи со САД. За време на мојата посета на САД се сретнав и со луѓето на Трамп. Не сакаме да оставиме впечаток дека Полска навива за еден од кандидатите. Не правиме грешка како партијата „Право и правда“, која сите жетони ги стави на Трамп“, рече Сикорски.