На вториот самит за мир во Украина треба да има претставници и од Русија, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Русија треба да има претставници на вториот самит за Украина со цел да се обезбеди траен мир со Кремљ, по повеќе од две години војна.

„Верувам дека руските претставници ќе присуствуваат на вториот самит“, рече Зеленски на прес-конференцијата во Киев, каде ја изложи подготвителната работа за следниот самит.

Првиот мировен самит за Украина се одржа минатиот месец во Швајцарија.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина
- Реклама -