СДСМ: Сиљановска нема основно познавање од областите во нејзина надлежност – доброволно служење воен рок одамна постои

Силјановска нема основно познавање од областите кои се во нејзина надлежност – доброволно служење воен рок одамна постои

Силјановска Давкова демонстрира целосно непознавање на областите од нејзина надлежност. Дава предлози за некакви консултации околу прашања кои одамна се решени. Имено, доволно ќе беше да прочита барем дел на суштинскиот закон кој ја дефинира нејзината надлежност, законот за одбрана, и ќе видеше дека во десетина членови и сега е предвидено доброволно отслужување на воен рок. И тоа е така веќе речиси две децении.

Очигледно Претседателката уште еднаш потврдува дека е залутана на позицијата Врховен командант на Армијата.

Имено, според Законот за Армија, воената служба на граѓаните се состои од 1) Доброволно служење на воен рок и 2) Служба во резервните сили на Армијата

Прочитајте и:  Лефков: Дрин Ахмети книжел милиони под закрила на институциите водени од кадри на ДУИ

Силјановска Давкова од почетокот на совјата функција докажува дека нема никаков капацитет да биде Врховен командант на македонската Армија, прекршува протоколи и не ги познава законите. Очигледно нема ниту Кабинет кој знае да и укаже на ваквите елементарни непознавања.

СДСМ

- Реклама -