Кардиолог открива 7 знаци на срцеви заболувања кои не треба да ги игнорираме

Врвниот кардиологот д-р Амеит Бахаи истакна седум симптоми на срцеви заболувања кои никогаш не треба да ги игнорираме, вклучително и потење за време на лесни вежби, чувство на мачнина со болка во градите и прекумерен замор.

Д-р. Бахаи, кој е специјализиран за истражување за тоа како факторите на животниот стил влијаат на здравјето на срцето и методите за превенција, рече дека здрав возрасен човек треба да може да го задржи здивот најмалку 20 секунди.

„Често го игнорираме здравјето на срцето додека не е доцна. За повеќето од нас нема годишен преглед, па ги игнорираме малите сигнали дека нашето срце не работи најдобро. Срцевите проблеми често прогресивно се влошуваат, сè додека еден ден не дојде покомплициран проблем, но тоа би можело да се избегне доколку ги послушавме предупредувачките знаци“, изјави кардиологот за „Глостершир Лајв“.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Тој вели дека срцевите заболувања можат да ги погодат луѓето од сите возрасти, па затоа е важно да се обрне внимание на какви било промени или симптоми. Тој предупреди на седум симптоми кои може да укажуваат на срцеви заболувања, а кои во никој случај не треба да ги игнорираме:

* Вртоглавица при брзо стоење

*Скратен здив

*Тешкотии со превиткување

*Палпитации (чувство на силно, забрзано или неправилно чукање на срцето во градите, кое често се јавува при мирување, но и при вежбање)

*Стегање во градите

*Болка во раката, вратот или надлактицата, често на левата страна

*Чувство на непријатност во градите

Доколку забележиме некој од овие знаци, кардиологот советува посета на лекар.

- Реклама -