Овошје, за кое веројатно не сте слушнале, значително ги намалува триглицеридите и холестеролот

Помело е голем азиски цитрус тесно поврзан со грејпфрутот. Иако денес веројатно не може да се најде во нашите продавници, многумина не слушнале за него. Ова дефинитивно треба да се промени бидејќи содржи неколку витамини, минерали и антиоксиданси кои го прават здрав додаток во исхраната.

Едно излупено помело, тешко околу 610 грама, содржи 231 калории, пет грама протеини, 0 грама масти, 59 грама јаглени хидрати, шест грама влакна и дури 412 отсто од препорачаниот дневен внес на витамин Ц. Исто така, има и рибофлавин тиамин, бакар и калиум.

Според тринеделното истражување спроведено на стаорци, консумацијата на помело го намалила нивото на триглицериди за околу 20 отсто, додека нивото на лошиот холестерол се намалило за шест отсто. Ова докажува дека се работи за овошје кое е исклучително здраво за срцето, пишува Healthline.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Како и секое овошје, помело во голема мера ќе му помогне на телото да ги елиминира токсините бидејќи содржи многу влакна.

Како што споменавме, помелото е многу богато со витамин Ц, што значи дека е моќен антиоксиданс. Антиоксидансите, вклучувајќи го и витаминот Ц, можат да спречат оштетување на кожата предизвикано од штетните слободни радикали и на тој начин да помогнат во одржувањето на младешкиот изглед.

- Реклама -