Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ

Очекувам Северна Македонија да ги почитува договорите и ќе ги потсетам европските колеги какви обврски беа преземени уште на 18 јули 2022 година кога беше усвоена Преговарачката рамка и какви се Патоказите за прием на земјата во ЕУ, изјави бугарскиот премиер Димитар Главчев при пристигнувањето на денешниот прв ден од Самитот на ЕУ во Брисел.

– Во декември 2023 година тоа беше малку поконкретизирано и фокус беше ставен на уставните измени. Во последно време слушаме изјави од партиски лидери, но и од владини раководители во Северна Република Македонија дека нема да се извршат такви измени, рече Главчев.

Тој нагласи дека ќе ги информира европските лидери какви се состојбите и што досега беше усвоено во однос на ова прашање.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

Запрашан дали Бугарија разговарала со Грција за преземање на некакви заеднички акции, бугарскиот премиер изјави дека засега не станало збор за нешто такво, но дека и тоа не е исклучено во иднина.

– За мене е важно да покажам каква е бугарската позиција, која впрочем е и европска позиција, изјави Главчев, додавајќи дека засега има намера само да ги потсети европските колеги што се случува, бидејќи за Бугарија тоа е важна тема.

- Реклама -