Русија им врачи демарш на САД поради украинскиот напад врз Севастопол

На американската амбасадорка во Москва, Лин Трејси, денеска и беше врачен демарш поради ракетниот напад на Украина на плажата во Севастопол на Крим, со напомена дека Русија подеднакво ги обвинува Вашингтон и Киев за тој напад, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Ваквите акции на Вашингтон нема да останат без одговор“, соопшти Министерството.

Во соопштението за медиумите се наведува дека демаршот му бил доставен на американскиот амбасадор во руското Министерство за надворешни работи, пренесе РИА Новости.

Прочитајте и:  Лукашенко: Белорусија ќе употреби нуклеарно оружје ако биде нападната од НАТО
- Реклама -