Поради провоцирање на српски навивачи, УЕФА му ја одзеде акредитацијата за следење на натпреварите на ЕВРО2024 на косовскиот новинар Арлинд Садику и со тоа излезе во пресрет на барањето на Фудбалската федерација на Србија.
Информацијата вечерва ја пренесоа српските медиуми, цитирајќи ја словенечката агенција СТА.
Пред воведниот натпревар од групата Д меѓу Србија и Англија, косовскиот новинар Садику пред српските навивачи на трибините имитираше со рацете двоглав орел, симбол на т.н. „Голема Албанија“.
УЕФА не дозволува политички пораки на натпреварите во нејзината организација и поради тоа одлучи да му ја одзеде акредитацијата на новинарот од Косово.