Ако целосно веруваш во себе секоја врата ти е отворена

Со претставата „Црна дупка“, по текст на Горан Стефановски, младиот македонски режисер Александар Јовановски за прв пат во ОФФ програмата на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп. Јовановски посочува дека ова за него е прво гостување со негова екипа.

„Па… јас верувам во синхронизитети и дека некои работи се случуваат надвор од човековата волја или некаде се среќаваат по пат. Па така мислам дека текстот ме избра мене или пак човекот кој го избра текстот дојде кај мене, тоа е Розе“, вели Јовановски.

Градењето претстава за него е комплексна работа, истакнуваќи дека скромното искуство не секогаш е доволно во реализацијата на имагинацијата.

„Последно време работејќи со Сашо Миленковски сфаќам колку сум далеку да сум режисер ради тоа искуство кое што го има човекот и гледајќи како се справува во ситуации кај што си потребен да делуваш ад хок онака во моментот, талентот од друга страна тотално не е мерлив, тешко е да се потпреш на него, али и те како потребен“, додава тој.

Прочитајте и:  Рециклирање електронски отпад до ретки метали

Сепак Јовановски смета дека вербата во себе е моторот кој го движи или држи во место секој од нас:

„Ако сте сто по сто сигурни вратата секогаш ќе ви биде отворена“.

Од друга страна, во официјалната програма се 11 претстави на професионалните македонски театри и уште пет во придружната програма. Ќе има промоции, работилници, разговори на тркалезната маса за одиграните претстави, а за сцени ќе се користат уште неколку во градот.

И годинава тричленото жири е меѓународно и е во состав: д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.

Автор: Дениз Абдула

- Реклама -