Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

Данска ќе испрати нов пакет воена помош за Украина, вклучувајќи првенствено оружје за противвоздушна одбрана и артилерија, во вредност од околу 5,6 милијарди дански круни (750 милиони евра), напиша денеска данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен на платформата Икс.

„Сите сојузници треба да обезбедат поголема воена поддршка за Украина“, рече данскиот министер за одбрана на Самитот за демократија во Копенхаген на 14 мај, кога се разговараше за воените потреби на Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера изјави дека Украина има најголем дефицит на оружје за противвоздушната одбрана и побара од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, со кого се сретна, две ракети „Патриот“ за одбрана на Харков.

Прочитајте и:  Залужни: Апсолутно, 2024-та e година кога Третата светска војна започна
- Реклама -