Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ во официјална селекција на филмскиoт фестивал во Оденсе, Данска

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“, кој беше во конкуренција со 4140 кратки филмови од светот, влезе во официјална селекција на престижниот филмски фестивал во Оденсе, Данска.

Во официјалната селекција влегоа 149 филмови од 39 земји меѓу кои и филмот „Мала Шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска, во соработка со Вардар Филм, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот Аудиовизуелен Центар.

- Реклама -