Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба

Словачкиот премиер Роберт Фицо е во многу тешка состојба откако попладнево беше ранет во градите и стомакот откако излегол на улица, јавија словачките медиуми. Владината прес-служба соопшти дека состојбата на Фицо е животозагрозувачка. Оттаму додаваат дека тој ќе биде транспортиран со хеликоптер во градот Банска Бистрица, откако поради неговата состојба не било можно да биде пренесен во Братислава.

Обезбедувањето и полицијата притрчале да му помогнат, додека кај граѓаните кои бегале владеела општа паника. Обезбедувањето го внело Фицо во автомобил, потоа во хеликоптер и е пренесен во болница.

Фицо е ранет во градот Хандлова, на 150 километри од Братислава, пред Домот на културата, каде што претходно се одржа седница на Владата, кога излегол меѓу собраните луѓе да ги поздрави.

Прочитајте и:  ФТ: Никој не е на страната на Унгарија и Словачка во однос на испораката на нафта од Русија

Лицето кое пукаше кон Фицо е во притвор, јави ДПА повикувајќи се на словачката агенција ТАСР.

Според очевици, напаѓачот го повикал премиерот со зборовите „Робо, дојди ваму“.

Словачката претседателка Зузана Чапутова го осуди „бруталниот“ напад врз Фицо и му посака добро закрепнување.

- Реклама -