Боки 13 со низа кривични пријави, вклучително и против Зоран Заев, Вилма Русковска и генералните секретари на СДСМ

Бојан Јовановски – Боки 13 поднел кривични пријави против повеќе поранешни функционери, именувани директори, лица кои вршеле јавни функции, судии и обвинители.

Како што изјави тој по денешниот распит во Јавното обвинителство, кривичните пријави се дел од кривично-правна операција „Бумеранг“.

– Се работи за кривични дела кои што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластување, изборни нерегуларности и измами, незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреба на јавни набавки и средства, повеќе кривични дела за кои се поднесени кривични пријави, рече Јовановски.

Тој дополни дека е поднесена кривична пријава и против поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал, Вилма Русковска, за злоупотреба на службена положба, примање поткуп и примена на тортура, против сите генерални секретари на СДСМ, како и против поранешниот претседател на партијата и премиер, Зоран Заев, за кого кажа дека е скоро во секоја пријава.

Прочитајте и:  Филипче: Идниот претседател на СДСМ ќе има целосен легитимитет затоа што го црпи од членовите

Неговиот адвокат, Владимир Туфегџиќ, појасни дека доказите се во форма на електронски пораки кои Бојан Јовановски ќе ги образложи и во писмена форма.

- Реклама -