Естонија: Русија ги прекршува меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите

Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цакна ја обвини Русија за кршење на меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите во естонскиот воздушен простор.

– Попречувањето на ЏПС во естонскиот воздушен простор од страна на Русија се одрази на цивилната авијација во нашиот регион. Русија со тоа ги прекршува меѓународните регулативи, напишала Чакна на Х.

Тој додаде дека Естонија за овој проблем ќе разговара во рамките на НАТО и Европската унија, а веќе разговарала и со властите на Летонија, Литванија, Финска и Шведска. 

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир
- Реклама -