Поранешeн советник на Зеленски обвинет за проневера на речиси 2.5 милиони долари

Поранешен советник во кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е обвинет за проневера на речиси 2,5 милиони долари од Украинските железници, соопшти Националното биро за борба против корупцијата на Украина, без да го именува осомничениот.

Во исто време, „Украинска правда“ објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека е обвинет Артем Шило. Извор од НАБУ изјави за Киев Индипендент дека во моментов не можат да ги коментираат овие наводи.

Шило претходно беше шеф на Одделот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) задолжен за деловна истрага. Тој беше разрешен во март годинава, но остана во служба на СБУ.

Шило наводно договорил купување трансформатори за украинските железници по цени многу повисоки од пазарните во 2022 година, по почетокот на војната во Украина. Компанијата кон која Шило наводно ги насочувал договорите била во сопственост на белоруски државјанин кој има врски со Русија, соопшти Националното биро за борба против корупцијата на Украина.

Прочитајте и:  Британски министер: Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа

Инспекторите успеаја да запленат 1,3 милиони долари од банкарски сметки на луѓе осомничени за спроведување на таа шема. Во тој случај досега се приведени четири лица, соопшти Националното биро за борба против корупцијата на Украина.

- Реклама -