На фудбалски натпревар во Охрид нападнат главниот судија

На фудбалски натпревар во рамки на општинската фудбалска лига во Охрид синоќа е физички нападнат главниот судија.

– Вчера во 21:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на фудбалски терен каде се одигрувал фудбалски натпревар во рамките на општинска фудбалска лига Охрид, едно лице физички го нападнало главниот судија, информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.

По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена пријава според Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар.

- Реклама -