Харков без струја и греење по руското ракетирање

Вториот по големина украински град Харков, во близина на границата со Русија, е без струја и греење по синоќешните руски напади во кои е тешко оштетена енергетската инфраструктура, објави на Телеграм, градоначалникот Игор Терехов.

Тој рече дека Русите синоќа го погодиле тој град со повеќе од 20 ракети и дека тоа е „најсилниот напад“ од почетокот на војната пред две години.

Градоначалникот рече дека водоводот фунцкионира, но притисокот е минимален.

Русија синоќа ја нападна енергетската инфраструктура на Украина со 90 проектили и 60 експлозивни беспилотни летала на земјата – велат украинските власти.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека нападите биле насочени кон „електрани, далноводи, брана на една хидроелектрана, станбени згради“.

Прочитајте и:  Каспаров: Конфликтот во Украина е дел од глобалната војна на слободниот свет против диктатурите

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека две лица загинале, а осум се повредени во западниот регион Хмељницки, шест лица се повредени во Запорожје, а тројца се водат како исчезнати.

- Реклама -