Изборен тим на Пендаровски: Откако платите беа покачени за 78%, претседателот секој месец донира… а Николоски и ВМРО-ДПМНЕ?

„Претседателот Стево Пендаровски и сопругата со години наназад донираат од своите лични примања на граѓани кои имаат потреба од материјална помош. Од денот кога платите на избраните и именуваните лица се покачија за 78%, претседателот Пендаровски како што вети, секој месец донира средства од својата плата“, соопштија од изборниот тим на шефот на државата, Стево Пендаровски.

До овој момент, велат, имаат прецизна евиденција за донирана сума во висина од над 500.000 денари: за лекување на наши сограѓани, поддршка во обезбедување на здравствени услуги и медицинска терапија, помош на лекување на наши сограѓани во странство, образовни алатки и учебни помагала за ученици, компјутери за ученици, поддршка за матуранти, плаќање на режиски трошоци и други средства за социјално ранливи граѓани, наведуваат од тимот на Пендаровски.

Прочитајте и:  Николоски: Второстепената Комисија за жалби по јавни набавки носи сомнителни одлуки, ЈО да ја преиспита нивната работа

Истовремено, упатија прашања до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски:

„Дали тој како пратеник на ВМРО – ДПМНЕ има донирано барем еден денар од неговата за 78% зголемена плата и кому?

Дали знае дали кој било пратеник на ДПМНЕ, градоначалник на ДПМНЕ или директор на јавно претпријатие од редовите на ДПМНЕ имаат донирано дел од својата плата од моментот кога им е зголемена за 78%, колку и кому?“, прашуваат од тимот на Пендаровски.

- Реклама -