Ескобар: Имаме проблеми во комуникацијата со Курти

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска изјави дека САД имаат проблем во комуникацијата со премиерот на Косово Албин Курти.

Според него, проблеми имаат и Европската унија, НАТО, Велика Британија и многу други како Албанија и Северна Македонија. Изјавата бешпе дадена во Брисел.

„Партнерството меѓу САД и народот на Косово не зависи од една личност или партија, но имаме проблем во комуникацијата со Курти. Имавме, уживавме во многу, многу блиско партнерство со Косово во минатото. Многу би сакале тој однос да се врати како што беше порано“, изјавил Ескобар.

„ Сепак, морам да кажам дека во моментов имаме проблеми во комуникацијата со премиерот  Курти. И не само САД, тоа е проблем што Косово го има и со ЕУ, НАТО, Велика Британија и повеќе партнери, вклучувајќи ги Албанија и Северна Македонија“.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Ескобар ја нарече „катастрофална“ и „некомпетентна“ одлуката на косовските власти да ја спроведат регулативата на Централната банка на Косово со која еврото се дефинира како валута за плаќање во готовина.

На прашањето за Заедницата на српските општини, Ескобар рече дека Приштина никогаш не кажала дали го прифаќа предлогот за статут на Заедницата на српски општини предложен од Европската унија и дека на САД им е тешко да разберат зошто не го прават тоа така.

„Слушнавме многу различни причини зошто не е оформена или зошто не напредува, од кои ниту една не прифаќаме. Треба да продолжиме понатаму“, изјави Ескобар.

- Реклама -