Камерон: Британија е подготвена да ѝ ги позајми на Украина сите средства на Руската централна банка што се под нејзина контрола

Велика Британија е подготвена да и ги обезбеди како заем на Украина сите замрзнати средства на Руската централна банка во Обединетото Кралство, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон пред Домот на лордовите (Горниот дом на британскиот Парламент).

Овие средства може да се користат како гаранција за исплата на репарации од Русија на Украина за воената инвазија.

– Постои опција или да дадеме синдициран заем или да издадеме обврзници кои се гарантирани со замрзнатите руски средства. На тој начин ќе можеме да им ги дадеме овие пари на Украинците со разбирање дека ќе ни бидат вратени кога Русија ќе ги плати репарации, посочи Камерон.

Прочитајте и:  Путин: Русија истрела балистичка ракета со среден дострел кон Украина

Со тие средства Украина може да купи оружје и муниција или да го намали буџетскиот дефицит.

Шефот на британската дипломатија истакна дека Лондон планира да и позајми многу поголема сума од Украина од замрзнатите руски.

ЕУ ги проценува средствата на Руската централна банка, кои се под нејзина контрола, на околу 260 милијарди евра. Планирано е Киев да добие „вонредна“ добивка генерирана врз основа на овие средства. Овие профити се проценуваат на околу четири милијарди евра годишно.

- Реклама -