Фицо: Некои земји-членки на ЕУ и на НАТО размислуваат да испратат војници во Украина

Словачкиот премиер Роберт Фицо по денешната владина седница изјави дека некои земји-членки на ЕУ и на НАТО размислуваат да испратат војници во Украина на билатерална основа.

Тој не наведе никаков извор за своите изјави, нагласувајќи дека не е овластен да навлегува во детали.

Изјавата на Фицо е пред состанокот на лидерите на ЕУ во Париз, организиран од францускиот претседател Емануел Макрон, чија цел е зајакнување на западната поддршка за Украина.

Фицо го опиша собирот како „борбен состанок“.

Словачкиот премиер откако беше избран минатиот октомври, низа забелешки кои ги влошија врските меѓу Словачка и соседна Украина.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина
- Реклама -