Песков: Промената на командата на украинската армија нема да влијае на исходот на конфликтот

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека промената на командата на Вооружените сили на Украина нема да влијае на „специјалната воена операција“ на Русија во земјата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го смени командантот на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, а на негово место го назначи командантот на копнените сили Олександр Сирски.

„Не мислиме дека тоа се фактори кои можат да го променат текот на специјалната воена операција. Таа ќе продолжи се додека не се постигнат нејзините цели“, рече портпаролот на Кремљ.

Песков, исто така, рече дека се уште не го разгледал истражувањето на „Хјуман рајтс воч“ објавено вчера за тоа колку луѓе загинале во градот Мариупол, но ги обвини украинските сили дека се одговорни за смртта на многу цивили во градот.

Прочитајте и:  Лавров: Зеленски се исплаши од одговорот на Русија
- Реклама -