Јанџин во Кина – „најтесниот округ“ на светот

Меѓу стрмните планински карпи покриени со зеленило, во североисточниот дел на покраината Јунан во Кина, се наоѓа градот Жаотонг. Тој е сместен сред Округот Јанџин којшто важи за „најтесниот округ“ на светот.

Ова населено место се наоѓа во горниот тек на реката Јангце, старо е со векови и било дел од познатиот трговски „Пат на свилата“.

Сместен меѓу планинските карпи, во околината на округот има и многу планински извори, над 30 речни базени, пештери итн. Меѓу туристите е популарен зашто нуди одмор од урбаниот начин на живот.

Името градот го добил по тоа што порано тука имало солана. Во античко време, градот бил населен од народот Бо.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

На падините од варовник растат разни видови орхидеи и лековити билки. Градот се нарекува и „Врата кон срцето на Јунан“.

- Реклама -