Ковачки: СДС е малцински партнер во сопствената влада и ја уништува Македонија, немаме веќе држава

СДС е малцински партнер во сопствената влада со само 5 министри, а ДУИ и Талат владеат, повторно обвини денеска Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски ја продаде СДС, за ден повеќе власт му слугува на ДУИ. Ковачевски си ги понижи сопствените пратеници, кои мораа да го гласаат командант Форина за премиер. Талат Џафери немаше да биде премиер без гласовите од СДС. За да владее ден повеќе Ковачевски ја предаде владата на дезертерот Џафери“, рече Ковачки.

Според него, за една година Ковачевски дал сè што можело да се даде, од милионски тендери на партискиот донатор на ДУИ – Еуровиа, преку одмолчување за купувањето на Соравија до преземањето на хотели на Попова Шапка.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

„Од вчера Ковачевски ја предаде и онаа малку моќ на политичко одлучување кое го имаше. СДС повеќе за ништо не се прашува. Главни се криминалците од ДУИ

Дури и таму каде што СДС има министри како во Министерството за транспорт и врски, не одлучуваат тие, туку ДУИ и Артан Груби, кој се само назначи за координатор за изградба на Коридорите“, рече Ковачки.

Според него, Ковачевски свесно се понижил и себе и партијата, но пред сè ја понижил државата.

„СДС ја уништува Македонија, немаме веќе држава. Ковачевски е човекот кој ќе треба да го стави клучот на вратата во СДС вечерта на 8-ми мај“, додаде Ковачки.

- Реклама -