Израелските сили уапсиле 21 Палестинец осомничени за финансирање на Хамас на Западниот Брег

Израелската армија денеска соопшти дека нејзините сили извршиле операции во неколку области на Западниот Брег и уапсиле 21 Палестинец осомничени дека помагале во финансирањето на Хамас.

Во соопштението се наведува дека уапсените давале финансиски услуги и наводно го финансирале Хамас, меѓу другото, и со готовински плаќања. Израелските медиуми објавија дека уапсените работеле како трговци со девизи.

Армијата соопшти дека конфискувала милиони во израелска валута, сефови, документи и мобилни телефони и објави видео од рацијата. Беше извршен воздушен напад и врз екстремисти од Џенин кои пукаа во војници и отворија оган врз Палестинците кои фрлаа запаливи бомби на повеќе места низ Западниот Брег.

МИА

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ
- Реклама -