Нашата ситуција суштински се разликува од онаа со Шолц и Орбан за Украина, вели Маричиќ

Ситуацијата на Украина и одлуката на ЕУ земјата да почне преговори не треба да се споредува со нашата ситуација, бидејќи постои една клучна разлика – што ниедна членка не е категорично против Украина, вели вицепремиерот за европски прашања – Бојан Маричиќ.

Прашан за потезите на Унгарија за Украина, Маричиќ рече дека ако премиерот Орбан останел во салата и гласал против, тогаш одлуката (која е добра за Украина, рече) немала да помине, а во нашиот случај имало држави членки кои останале и се изјасниле против.

„Знаеме како се носат одлуките во ЕУ. Она што е битно е дека напуштањето на некој начин од страна на унгарскиот премиер подразбира и еден вид на согласност, бидејќи доколку Унгарија останела внатре, премиерот Орбан останел во салата и гласал против, одлуката немало да помине. Ние сме го виделе тоа повеќе пати, така што јас сум сигурен дека ова е некое компромисно решение кое придонело заради целата ситуација со Украина и добро е што се донесе таа одлука. Ние не треба да се потпираме на вакви ситуации, треба да сме свесни дека во нашиот случај сме имале држави членки кои останале и се изјасниле против и тоа е суштинската разлика. Ако немате држава членка којашто останала и се изјаснила против, тогаш одлуката може да помине“, рече Маричиќ.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

И германскиот канцелар Олаф Шолц, и покрај пофалбите во медиумите, особено западните, за тоа како одиграл (па дури и го изиграл Орбан), рече дека тоа бил взаемен договор со унгарскиот премиер за тој да може, како што анализираа медиумите, да остане на својот став, а сепак да не ја блокира Украина. Шолц потенцираше дека „договорот“ бил во согласност со правилата, но и дека не е нешто што треба секогаш да се прави.

- Реклама -