Кремљ: САД и милијардите не можат да го сменат текот на војната, секоја дополнителна помош за Украина ќе биде фијаско

САД не можат да го свртат текот на војната во Украина со испумпување на десетици милијарди долари повеќе во земјата, оцени денеска Кремљ, пред планираните разговори меѓу украинскиот и американскиот претседател Володимир Зеленски и Џо Бајден.

Кремљ вели дека секоја дополнителна американска помош за Киев ќе биде „фијаско“,

– Важно е сите да разберат: десетици милијарди долари испумпани во Украина не ѝ помогнаа да постигне успех на бојното поле, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Другите десетици милијарди долари што Украина сака да ги внесе во својата економија, исто така, ќе бидат осудени на истото фијаско… Ова не може да ја промени ситуацијата на бојното поле, но исто така не може да го промени напредокот на „специјалната воена операција“, истакна тој.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон

Зеленски ќе се заложи за поголема американска помош за војната на Украина против Русија за време на денешните разговори во Вашингтон со Бајден и лидерите на Конгресот, во време на зголемени сомнежи кај многу републикански пратеници.

Песков истакна дека Русија „многу внимателно“ ќе ги следи состаноците на Зеленски во Вашингтон.

- Реклама -