„Оливер Спасовски започна да ја води истагата за убиството на Вања и Панче во медиумите кога кажа дека возилото цитроен не е пријавено за исчезнато и кога пропушти да каже дека возилото со кое беше киднапирана Вања слободно со денови се движело низ скопските улици“, велат од ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на министерот за внатрешни работи дека шпекулациите и сè што ќе се објави во јавноста можат само да ѝ штетат на истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Од ВМРО-ДПМНЕ го критикуваат Спасовски и за низа други случаи кои изминативе месеци ја вознемирија јавноста.
„Оливер Спасовски е тотално одлепен од реалноста. Изјавата дека за 40 проценти е поголема реализација на расчистени дела од организиран криминал, не соодејствува со реалноста.
Пет криминални пресметки на нарко босови низ скопските улици не се расчистени. Криминалци бегаат од затвори и слободно се шетат. Мафијаши се пукаат во трговски центи и нема никаква разрешница.
Цела година има дојави за бомби во училиштата, а Спасовски само што не ги фатил лицата кои ширеа паника и вознемиреност кај граѓаните.
Командири на полициски станици пукаат на домашни прослави со калашников и се фалат на социјални мрежи.
Криминалци во полициска станица во Арачиново бркаа полициски службеници и до ден денешен нема никаква разрешница“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За какви проценти зборува Спасовски кога во Македонија царува криминалот и криминалците? Спасовски е скоро 8 години министер, а во Македонија владеат мафијашите. Со СДС и Спасовски, граѓаните не се чувствуваат безбедни. Затоа колку побрзо заминат, толку подобро“, порача опозицијата.