Спасовски: Нека оваа трагедија ни биде повод да размислиме како да ги вратиме вредностите и како да бидеме луѓе

Искрено сочувство до семејството, другарките и другарите, како и наставниците, за големата загуба на Вања, изрази министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил, и сподели фотографии од делегацијата на СДСМ во училиштето „Песталоци“ каде учеше 14-годишната Вања.

„Нека оваа трагедија ни биде повод да размислиме како да ги вратиме вредностите и како да бидеме луѓе. Почивај во мир, Бог нека ти подари рајски градини“, напиша Спасовски на социјалната мрежа.

И премиерот Ковачевски се запиша во Книгата на жалост за Вања.

„Огромна е тагата која нѐ обвива по загубата на Вања. Изразувам најдлабоко сочувство до нејзиното семејство, до сите роднини и пријатели, до нејзините соученици. Почивај во мир Вања“, напиша тој во објавата на неговиот Фејсбук профил.

Прочитајте и:  Хоспитализиран еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче

- Реклама -