Наскоро фабриката АТС АММО ќе го произведе првиот макдонски дрон, кој ќе биде согласно сите НАТО стандарди, најави премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на фабриката кај Македонски Брод. Со него беа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за одбрана Славјанка Петровска
– За многу скоро фабрикта АТС АММО ќе почне со сериско производство на четири вида дронови. Ќе бидат управувани со вештачка интелигенција и ќе имаат висок дострел. Ќе бидат целосно опремени според сите НАТО-стандарди. Тоа ќе бидат првите македонски дронови, целосно произведени во Република Северна Македонија, изјави Ковачевски.
Дроновите, како што посочи, ќе бидат мултинаменски.
– Дроновите ќе бидат со многу намени за воената индустрија, извидничкото разузнавање и ќе имаат намена за индустријата. Ова е големо постигнување, рече Славјанка Петровска, министерка за одбрана.
Инаку, во моментов 40 македонски фирми се кои ги исполнуваат НАТО-стандардите за производство.