Ако требало Заев да биде на црната листа на САД, ќе бил и ставен, а не само спомнат – вели Спасовски

„Ако требало да биде некој во одлуката, тие (САД) ќе го ставеа“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарско прашање околу новите имиња на црната листа на САД (Сергеј Самсоненко и сопругата, мајка му на Орце Камчев, и неколку нивни компании) и тоа што во едно од образложенијата за одлукит се спомнати и поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот генерален секретар на Владата – Драги Рашковски, како и дека било разговарано за трансфер на пари за да се организира средба на Заев со црногорскиот државјанин Миодраг Давидовиќ-Дака за негови инвестиции во земјава.

Според Спасовски, треба да се држиме до оние кои САД ги именуваат, а не сите оние кои се спомнуваат.

„Јас апелирам пред сѐ тоа што е објавено како одлука од страна на американската администрација, тоа да го прифатиме и да го презентираме. Таму образложение се дава на секоја поединечна одлука која што ја имаме. Меѓутоа, образложенијата, спомнувањата итн., сигурно не се одлука. Ако требало да биде некој во одлуката, тие ќе го ставеа“, рече министерот, кој дополни дека нема никакви информации за организирање на каква било средба помеѓу кој било.

Извор: МИА

- Реклама -