Home 365 Денес Најмалку една жртва при делумно уривање на зграда во Русија

Најмалку една жртва при делумно уривање на зграда во Русија

0
Најмалку една жртва при делумно уривање на зграда во Русија

Петкатна зграда делумно се урна во центарот на градот Астрахан во јужна Русија, јавија локалните медиуми.

Службите за итна помош пристигнале на местото на несреќата. Според првичните информации, една жена починала, а неколку лица се водат како исчезнати.

Над 200 жители се евакуирани и им е формирано привремено сместување. Наводно, се урнале дел од скалите во зградата. Пред уривањето, во Министерството за вонредни состојби била пријавена пукнатина на ѕидот.

Гувернерот на областа Игор Бабушкин потврди дека жената која загинала во несреќата е родена во 1939 година и дека во тек е потрага по повеќе луѓе.

Тој најави формирање на антикризен центар и телефонска линија. Евакуирани се вкупно 213 лица, од кои 37 се деца. Информациите за повредени се ажурираат, соопшти Министерството. Отворени се три привремени пунктови за сместување во подрачните училишта, каде што жителите добија топол оброк и вода.

Фото: Х

МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here