Зеленски: Русите ги интензивираа нападите во источна Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска на Телеграм објави дека украинската армија се соочува со „пораст на бројот на руски напади“ во источниот дел на земјата, посебно околу градот Авдијвка. Купјанска и Доњецк.

Руските сили со месеци се обидуваат да го опколат индустрискиот град Авдијвка.

Зеленски тврди дека украинската армија „ги држи своите позиции“ и исто така спроведува „офанзива“.

Тој ги осуди Русите за бомбардирање без „никаква воена причина“ врз слободниот град Керсон, кој штотуку ја прослави првата годишнина од крајот на окупацијата. Во нападот според локалните власти загинаа три лица, а 12 се повредени, меѓу кои и едно двомесечно бебе.

Украина во јуни ја почна својата контраофанзива, која беше дочекана од цврста руска одбрана.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

МИА

- Реклама -