„Ал-Мајдан“: Жестоки борби помеѓу ИДФ и Хамас во Газа

Во западните делови на градот Газа се одвиваат жестоки судири меѓу израелските безбедносни сили и членовите на палестинската група Хамас, а продолжува и израелското артилериско гранатирање и воздушно бомбардирање на областа, јави либанската телевизија Ал-Мајдан.

Дописникот на Ал-Мајдан јави дека борби се водат во населбите Ал-Римал и Шеик Ајлин. Според него израелските сили сè уште не напредувале кон болницата Ал-Шифа.

Во меѓувреме, военото крило на Хамас, Ал-Дин ал-Касам соопшти дека во борбите во градот Беит Ханун убиени се двајца, а повредени тројца израелски војници.

Бригадите Ал-Касам, исто така, ја презедоа одговорноста за гаѓањето на два израелски тенкови во околината на градот Газа со проектили „Ал-Јасин 105“.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ

Бригадите Ал Кудс, военото крило на палестинското движење Исламски џихад, објавија дека нивните борци влегле во жестоки судири со израелските сили кои продираат во центарот на градот Газа.

Дописникот на телевизијата Ал-Мајдин потврди дека се огласиле сирени во населбите Нирим и Нир Оз на израелска територија во близина на Појасот Газа.

И израелските медиуми јавија дека серија проектили биле истрелани од Појасот Газа кон градот Ашкелон и дека е причинета материјална штета.

МИА

- Реклама -