Бела куќа: Израел се согласи секој ден да спроведува четиричасовна хуманитарна пауза во Газа

Белата куќа соопшти дека Израел се согласил да воведе четиричасовни дневни хуманитарни паузи во нападите врз Хамас во северниот дел на Газа. Во понеделникот американскиот претседател Џо Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да воведа „дневни хуманитарни паузи“.

Администрацијата на Бајден соопшти дека обезбедила уште еден премин за цивилите да избегаат од борбите.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека првата хуманитарна пауза ќе биде најавена денеска и дека Израелците се обврзале да го објавуваат секој четиричасовен прозорец најмалку три часа однапред.

„Израелците ни кажаа дека нема да има воени операции во овие области за време на паузата и дека овој процес започнува денеска“, рече Кирби, нарекувајќи го „чекори во вистинската насока“.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ

„Ги повикуваме Израелците да ги минимизираат цивилните жртви и да направат сè што можат за да ги намалат тие бројки“, рече Кирби, велејќи дека ќе обезбедат „простор за дишење неколку часа“ за цивилите да се движат без опасност.

Тој, исто така, рече дека тоа ќе обезбеди „кратки можности“ за безбедно поминување на заложниците кои ги држи Хамас.

 

МИА

- Реклама -