Стејт департмент: САД не поддржуваат никакво принудно преселување на Палестинците од Газа и се против нова окупација од Израел

САД не поддржуваат никакво принудно преселување на Палестинците надвор од Газа, Вашингтон ниту посакува такво нешто, ниту такво прашање е на дневен ред, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател.

На редовниот брифинг на американскиот Стејт департмент, Пател додаде дека Вашингтон се противи на нова окупација на Газа од страна на Израел.

Портпаролот го рече ова како одговор на новинарско прашање на изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за телевизијата Еј-Би-Си дека Израел „на неодреден временски период“ ќе ја сноси севкупната одговорност за безбедноста на палестинската енклава.

МИА

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -