Раиси: Израел ги премина црвените линии што ќе ги принудат сите да дејствуваат

Воените дејствија на Израел во Појасот Газа отидоа предалеку и ќе вовлечат други во конфликтот, предупреди иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

„Злосторствата на ционистичкиот ентитет, хуманитарни и воени, ги преминаа црвените линии што може да ги принудат сите да дејствуваат“, рече Раиси во интервју за телевизијата Ал Џезира.

Како што пренесе ДПА, Раиси ги заостри постојаните предупредувања од политичкото и военото раководство на Иран насочени кон Израел и САД по нападите на Хамас на 7 октомври.

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи ги пофали извршителите на нападите, но негираше директна иранска вмешаност во нивното планирање.

МИА

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -