Гутереш одговори на силните критики: Шокиран сум како моите зборови се извртени, го осудувам нападот на Хамас

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека е шокиран од тоа како неговите изјави во Советот за безбедност биле погрешно протолкувани.

Во вчерашното обраќање пред СБ на ОН Гутереш изјави дека „важно е да се признае дека нападите на Хамас не се случија во вакуум… палестинскиот народ беше подложен на 56 години задушувачка окупација“, што предизвика остри реакции од дел од западниот лидери, додека Израел бара тој веднаш да поднесе оставка.

По тој повод, Гутереш денеска им се обрати на медиумите, а претходно на X (поранешен Твитер) напиша дека го осудува нападат на Хамас.

За делот каде вели дека нападите не се случиле во вакуум, денеска дополнува: „Како тоа да ги оправдува терористичките акти на Хамас. Тоа е лага. Ништо не може да го оправда намерното убивање, ранување и киднапирање на цивили – или лансирање ракети врз цивили“.

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери

Тој додаде дека зборувал за проблемите на населението, на палестинскиот народ.

„Со тоа јасно ставив до знаење и цитирам: ‘Но, поплаките на палестинскиот народ не можат да ги оправдаат ужасните напади на Хамас’“, заклучи тој во реакцијата на повиците за негова оставка.

МИА

- Реклама -