Бајден бара пакет помош од 105 милијарди долари за Украина, Израел и за безбедност на границата

Белата куќа   побара од Конгресот речиси 106 милијарди долари за финансирање на амбициозните планови за Украина, Израел и безбедност на границите на САД, но не понуди стратегија за обезбедување на парите од Претставничкиот дом каде нема претседател. Шеесет и една милијарда се воена помош за Украина и 14 милијарди за Израел.

„Светот гледа и американскиот народ со право очекува нивните лидери да се соберат и да ги исполнат овие приоритети“, рече буџетскиот директор на Бајден, Шаланда Јанг, во писмо до вршителот на должноста претседател на Претставничкиот дом, Патрик Мекхенри. „Го повикувам Конгресот да се осврне на нив како дел од сеопфатен, двопартиски договор во следните недели“.

Барањето на претседателот Џо Бајден за финансирање доаѓа неколку дена откако тој го посети Израел и вети солидарност додека земјата ја бомбардира Газа по нападот на Хамас во кој загинаа 1.400 луѓе во јужен Израел.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

Со групирање на финансирањето на Израел со Украина, граничната безбедност, помошта за бегалците, мерките за спротивставување на Кина и другите жестоко дебатирани приоритети, Бајден се надева дека создал нацрт-закон за трошење за националната безбедност што мора да се усвои и кој може да добие поддршка во хаотичниот Претставнички дом.

Тоа тело, во кое републиканците добија контрола минатата година, е без лидер повеќе од две недели.

Некои републикански пратеници станаа скептични за потребата од финансирање на војната на Украина со Русија и се заканија дека целосно ќе ја запрат владата за да се стави крај на фискалните трошоци.

МИА

- Реклама -