Хамас изведува воздушни напади од Газа, сè повеќе неуспешни ракетни лансирања, тврди Израел

Израелската војска соопшти дека 450 ракети биле истрелани од Газа во Израел. Тие додаваат и дека се зголемува бројот на неуспешни ракетни лансирања од Газа.

Ваквата забелешка доаѓа откако вчера беше погодена болница во Газа што резултираше со стотици жртви и повредени, а за што Израел тврди дека било резултат на неуспешно лансирана ракета од страна на Хамас.

Во серија твитови, израелските воздухопловни сили обвинуваат и дека Хамас „континуирано ги користи цивилите во Појасот Газа како жив штит“.

Според ИДФ, лансирања се вршат до згради во кои се сместени цивили, „како  болници, училишта на ОН, џамии, ресторани, дипломатски згради и хотели“.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ
- Реклама -