Она што следува ќе одекнува со генерации, порача Нетанјаху, нагласи дека САД го поддржуваат Израел на „секој начин“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во своето денешно обраќање ги повика опозициските лидери веднаш да формираат влада на национално единство.

„Конечната акција е да се зацврсти единството во земјата. Сега сме сите обединети“, вели тој.

Тој додаде дека голем број палестински вооружени лица сè уште се во земјата и ги обвини дека убивале деца на кои претходно на рацете им биле ставени лисици.

Нетанјаху предупреди дека нападите против Хамас во Газа „допрва почнуваат“.

„Едно нешто што е најважно е да останеме смирени. Знам дека сите сакаме резултати токму овде, токму сега, но ќе биде потребно извесно време. Ви ветувам сограѓани, на крајот на војната нашите непријатели ќе знаат дека е страшна грешка да се нападне Израел“, вели тој.

Прочитајте и:  Трамп повика на брз прекин на војната на Израел со Хамас

„Секое место каде што дејствува Хамас ќе се претвори во урнатини. Ова веќе се случува и ќе продолжи да се случува“, рече израелскиот премиер.

Тој ѝ порача на нацијата дека САД го поддржуваат Израел на „секој начин“ и дека „непријателите на Израел сфаќаат што значи тоа“.

„Сите наши непријатели ќе знаат дека е страшна грешка да се нападне Израел. Она што ќе го направиме во следните неколку дена ќе одекнува со генерации“, додава тој.

МИА

- Реклама -