Украина поднесе жалба до ФИФА и УЕФА со барање да ја повлече одлуката за руските играчи до 17 години

Министерството за млади и спорт на Украина ги повика Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) да ја повлечат одлуката за прием на руската репрезентација до 17 години на меѓународни турнири.

Исто така, министерството упати апел до сите членки на УЕФА да се приклучат на бојкотот на сите натпревари и турнири со учество на руската репрезентација.

На 26 септември, Извршниот комитет на УЕФА им дозволи на руските репрезентации со играчи помлади од 17 години да се натпреваруваат под нејзино покровителство. Одлуката се однесува и на машкиот и на женскиот тим. Подоцна, Украина, Англија, Полска, Латвија, Шведска, Данска, Норвешка, Литванија, Финска и Романија одбија да играат на натпревари со учество на руски млади тимови.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)

Сепак, според „Sky News“ УЕФА се обидува да ги смири земјите кои одбиваат да играат со Русија.

МИА

- Реклама -