Зеленски: Некои од изјавите во ова предизборие во САД се многу чудни

Главен предизвик е да се зачува единството во Европа и тоа не само на ЕУ, туку и на целиот европски континент, во услови кога Русија напаѓа со информации и дезинформации, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Гранада.

„За Украина е особено важно да обезбеди одбранбен штит за претстојната зима, кога се очекуваат напади од различен вид руски проектили, ирански дронови и слично“, додаде Зеленски.

Во однос на одлуката на Конгресот на САД за запирање на финансиската помош за Украина, Зеленски рече дека при неговиот престој во Њујорк на Генералносо собрание на ОН разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, кој изразил стопроцентна поддршка за Киев од негова страна и од страна на неговите сопартијци во Конгресот.

Прочитајте и:  Зеленски за големата реконструкција на владата: На Украина и треба нова енергија

„Сакако, ова е период на предизборие во САД кога се слушаат различни изјави, некои од нив се многу чудни, но денеска ќе разговараме и за нив“, додаде Зеленски во кусата изјава.

Извор: МИА

- Реклама -