Додека Конгресот решава за буџетот на американската влада САД ја снабдуваат Украина со запленето иранско оружје

САД започнале со трансфер на Украина на илјадници парчиња запленето иранско оружје и муниција, во обид да се ублажи критичниот недостиг со кој се соочува армијатa на Украина додека се очекуваат парите и опремата ветени од САД и сојузниците.

Во неделите што престојат Конгресот ќе решава за буџетот на американската влада од што зависи и воената помош за Украина, но САД најдоа начин да покријат дел од прекинот во испораките со запленето иранско оружја, дознава Си-ен-ен.

Телевизијата се повикува на извори од ценралната команда на САД (ЦЕНТКОМ) од каде потврдија дека Украина веќе добила еден милион касети муниција запленети од Иран. Трансферот бил извршен во понеделникот, соопшти централната команда.

-Владата ги добила во сопственост овие муниции на 20 јули 2023 година од Министерството за правда кое имало побарувања и конфискации против Исламската револуционерна гарда, се вели во изјавата.

Министерството во март објави дека има намера да конфискува еден милион касети иранска муниција, илјадници далечински детонатори за ракетни гранати, и стотина илјади килограми гориво за овие рачни минофрлачи што американската морнарица ги запленила од Иран за време на транзит на пловила за Јемен.

Прочитајте и:  Киев контра Вашингтон за возраста за мобилизација: Доцнењата во логистиката не може да се надоместат со испраќање млади луѓе на фронтот

Оружјето било наменето за Хутите во Јемен во нарушување на резолуцијата 2616 на Советот за безбедност на ОН, велат од министерството.

Во текот на изминатата година американската морнарица запленила илјадници парчиња офанзивно оружје од Иран наменето за Јемен. Заплените биле вршени со помош на регионални партнерски сили, кои ги следеле малите неозначени пловила за криумчарење на оружје за Хутите во Јемен, дознава Си-ен-ен.

Во средината на јануари САД им асистирале на францсуките сили во заплената на 3.000 офанзивни автоматски пушки што оделе од од Иран за Јемен како и 23 антитенковски наведувани проектили. По заплената САД го зеле оружјето во свое сопствеништво.

Оружјето е складирано во објекти на ЦЕНТКОМ лоцирани низ Блискиот Исток.

МИА

- Реклама -