„Волстрит џурнал“: Ако САД престанат да ѝ ги финансираат државните трошоци, на Украина ѝ се заканува економска и политичка нестабилност

САД не плаќаат само за испораките на оружје за Украина, туку и за сметките на владата во Киев и буџетскиот сектор, па поради тоа се очекува следниот месец да престане со работа американскиот систем за финансирање на платите на Украинците и државните трошоци, пред сè, поради недостиг на нови парични инјекции од американскиот Конгрес, јави весникот „Волстрит џурнал“.

На 24 септември, среде најавата за закана од затворање на владата, американскиот државен секретар Ентони Блинкен го предупреди лидерот на малцинството во Сенатот, Мич Меконел, дека доколку Конгресот престане да му дава финансиска помош на Киев, Украина ќе се соочи со сериозни економски и политички превирања во средината на нејзината контраофанзива.

САД и другите земји спонзори всушност обезбедуваат плати за 150.000 украински државни службеници и половина милион наставници, универзитетски професори и работници во образованието, а финансираат и други државни трошоци, од здравствената заштита до субвенциите за домување.

Прочитајте и:  Словачкиот премиер Фицо „со задоволство“ ќе присуствува на прославата на Путин на 80-годишнината од победата над нацизмот

Американскиот државен секретар во телефонски разговор ги повикал републиканските пратеници во нацрт-законот за привремено финансирање на владата да вклучат средства за помош на Украина, за да можат САД да продолжат да обезбедуваат помош за Киев.

Но, Конгресот, сепак, донесе закон што не предвидува такви средства.

Според „Волстрит џурнал“, властите во Вашингтон и Киев сега се обидуваат да сфатат како кратењата на финансиската помош ќе влијаат врз способноста на Украина да ја финансира својата влада и да ја поддржи својата економија.

Извор: МИА

- Реклама -