Блумберг: САД ќе и испорачаат на Украина тактички балистички ракетни системи со голем дострел

САД се подготвуваат да испорачаат на Украина неодреден број прецизно наведувани тактички балистички ракети вооружени со кластер муниција, јави денеска Блумберг.

Испораката на системите ќе се случи веднаш по добиеното одобрение од претседателот Џо Бајден.

Даг Буш, армиски помошник секретар за набавки, изјави дека САД „се подготвени за ова од поодамна и се спремни брзо“ да испорачаат.

Според американскиот производител „Локид Мартин“, армиските тактички ракетни системи ATACMS земја-земја се способни да погодат цели на поголемо растојание од другите ракетни системи. Овие оружени системи имаат прецисно наведувани проектили со голем дострел и се способни да гаѓаат цели во тилот на непријателските позиции, укажува производителот.

Проектилите ATACMS првпат беа распоредени за време на американската воена операција против Ирак во 1991 година.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Во меѓувреме, после одобреното привремено финанснирање на американската влада, во Конгресот продолжуваат разговорите за воена помош за Украина.

МИА

- Реклама -