Спасовски за инцидентот на Косово: Убеден сум дека нашите стратешки партнери, ЕУ и САД, нема да дозволат црни сценарија

Инцидентот во Бањска го погаѓа целиот регион, но безбедносните служби будно ја следат ситуацијата, собираат информации и вршат редовни анализи, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски за белградска „Политика“. Верува дека Европската Унија и САД ќе застанат на патот на црните сценарија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Засега безбедносната ситуација во земјата е под контрола, нема директни последици што би претставувале закана за безбедноста на Северна Македонија, а граѓаните можат да бидат мирни. Убеден сум дека нашите стратешки партнери, ЕУ и САД, нема да дозволат црни сценарија и ќе извршат силен притисок работите да се вратат во нормала, изјави Спасовски за денешна „Политика“.

Тој додаде дека ако нашата заедничка цел е да станеме регион кој ќе извезува мир и стабилност, тогаш политичките кризи не можат да се решаваат со конфликти и мора да се обединиме со заеднички политики што можеме да ги спроведеме.

МИА

- Реклама -